Ало, КФСМ, зошто дозволивте: Казахстан ни го „украде“ Емил Рајковиќ! (ФОТО)

Сигурно најекспонираниот и со најдобри резултати македонски тренер во моментов, Емил Рајковиќ, е назначен за нов селектор за кошаркарската репрезентација на Казахстан, земја во која моментов работи како предводник на најдобриот клуб, Астана.

Со ова и дефинитивно пропаѓа можноста да биде нов селектор на Македонија, без разлика што пред извесно време имаше такви шпекулации во јавноста. Сепак, неразбирливо е што челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) дозволи стратегот кој работи во третата најдобра лига во Европа и пред кого паѓаат и големи евролигашки тимови да преземе друга селекција, а не македонската.

„Среќен сум, бидејќи ова ќе мој прв предизвик како селектор на една сениорска репрезентација. Сакам да се заблагодарам на ваква чест на федерацијата на Казахстан“, рече Рајковиќ, кој со националниот тим ќе проба да обезбеди пласман на Азискиот куп 2021.

Предводникот на Астана во минатото повеќе пати беше во конкуренција за предводник на Македонија, но ниту еднаш не доби шанса, освен што беше помошник на Александар Џикиќ во квалификациите за ЕП 2015, кои успешно ги минавме. Зад себе има мандат како селектор на младинската репрезентација, а низ тренерската кариера има работено во Тоа сум јас, Фени индустри, Работнички, МЗТ Скопје како и полските екипи, Сласк Вроцлав и Стал Остров.