Видовит Бразилец го предвидел Шапекоензе, а сега и повредата на Нејмар?!

На еден ден пред операцијата на Нејмар, медиумите се присетија на еден човек, кој прво малку кој го сфаќал сериозно, но сега приказната е друга. Станува збор за бразилскиот јасновидец Карлињос.

Овој јасновидец во март 2016 година изјави „Цел тим ќе загине во авионска несреќа и ова ќе се случи во рок од година и пол“. Неколку месеци подоцна Шапекоенсе се урна во Колумбија и останаа живи само тројца играчи од целата екипа.

Во декември, Карлињос изјавил дека Нејмар ќе го пропушти Светското првенство во Русија.

„Бразил нема да може да смета на Нејмар на СП во Русија 2018 година. Нешто ќе му се случи, а ќе му требаат пет до седум месеци целосно да се опорави. Можно е рехабилитацијата да биде и пократка, но на СП ќе одигра максимум еден или два натпревари“, изјавил видовитиот Карлињос.

Нејмар се здоби со скршеница на метатарзалната коска на десното стапало минатиот викенд и веќе отпатува во Бразил каде што ќе биде опериран.

Покрај овие настапи, Карлињос го предвидел и поразот на Бразил од Германија со 1-7, во полуфиналето од СП 2014.