УРНЕБЕСНО: Роналдо со тениско топче ја погоди Георгина во глава! (ВИДЕО)

Веднаш по гостувањето кај Милан, каде што Јувентус победи со 2-0, а Кристијано Роналдо го постигна вториот гол, Португалецот со синот и со својата девојка Георгина отпатува во Лондон да гледа тенис.

И веднаш се случи непредвидена ситуација - на мечот Ѓоковиќ - Изнер, кој лесно го доби Србинот, топчето во еден момент летна накај фудбалерот на Јуве, кој сакајќи да го фати, го смени правецот доволно за да удри во главата на неговата девојка. Понатаму, знаете што следеше - социјалните мрежи експлодираа...