Украинка направи брутален старт за црвен картон - дури и Пепе може да ѝ позавиди (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу женските фудбалски репрезентации на Северна Ирска и Украина, една гостинска фудбалерка направи неверојатно груб прекршок. 

Натија Пантсулаја наместо да ја расчисти топката, реши грубо да влета во телото на противничката со хокеарски бодичек. Интересно е тоа што Украинката веројатно можеше прва да дојде до топката и воопшто да не прави прекршок, но се реши за варијантата да добие директен црвен картон. Ваков потег можеби е својствен за Пепе од Порто, кој е познат по своите грубости, но очигледно португалскиот репрезентативец има конкуренција во Пантсулаја. 

Северна Ирска славеше со 1-0 во баражот и ќе игра на Европското првенство.