Тренерот на Партизан се степа со сопствен фудбалер на меч во Суботица (ФОТО)
Во еден момент, додека се уште траеше натпреварот, тренерот на белградскиот тим Игор Дуљај речиси и да се степа со сопствениот фудбалер, Квинси Мениг, во близина на клупата за резерви.
Конфликтот меѓу тренерот и напаѓачот се случи на крајот од играта, во моментите кога Самед Баждар и Мениг се подготвуваа да влезат во игра. Однесувањето на играчот предизвика реакција на тренерот на црно-белите, кој влезе во вербален и физички конфликт со офанзивниот играч, по што замената воопшто и не беше извршена. Дуљај не го криеше незадоволството и покрај победата, па по натпреварот меѓу другото истакна дека „има многу проблеми и многу работи што му лежат на душата, а за кои засега не сака да проговори јавно“.