
Ракометарките ќе играат за Кочани – РФМ ќе го донира приходот од мечот со Полска!
Челниците на РФМ донесоа одлука средствата собрани од продажбата на влезниците, кои чинат 100 денари, да бидат донирани за настраданите во Кочани, покажувајќи ја солидарноста со погодените граѓани од оваа ужасна несреќа.
Натпреварот ќе се одигра на 12 април (сабота) во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Продажбата на влезници започна денеска, а освен преку интернет и во Битола тие ќе може да се купат и на продажни места во Скопје, Штип, Струмица, Охрид, Тетово, Гостивар, Куманово, Прилеп и во Велес.