Гвардиола за Де Брујн: Тој е еден од најголемите кои некогаш играле во Англија

Manчестер сити викендов го чека градското дерби против Манчестер јунајтед, а на прес-конференцијата пред натпреварот тренерот Пеп Гвардиола зборуваше и за заминување на Кевин Де Брујн.

Де Брујн денеска преку социјалните мрежи потврди дека по десет години ќе ги напушти редовите на „граѓаните“.

„Тажен ден, но и среќен ден, поради тоа што лично поминавме долг пат со него и ни пружи многу радосни моменти. Не е потребно да се зборува за неговиот успех во последната деценија, не можам да го замислам истиот без него. Тажен ден е зошто заминува“, изјави Гвардиола.

Де Брујн во десет години со Манчестер сити освои шест титули во Премиер лигата, пет пехари во Лига купот и два во ФА Купот, додека во Истанбул стана европски шампион.

„Кевин е еден од најголемитте фудбалери кои играле во оваа земја. Нема соменвање дека ќе недостасува, како на Манчестер сити, така и на англискиот фудбал“, додаде Пеп.

Дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити се игра в недела од 17:30 часот.