Барса и Реал ќе постават рекорд: Четири Ел Класика на четири различни стадиони

Пред два дена стана јасно дека Барса и Реал, првпат по 11 години, ќе се сретнат во финалето од Копа дел Реј и ќе одлучуваат за освојување на уште еден од трофеите во шпанскиот фудбал.

До крајот на сезоната претстои уште еден нивен сигурен дуел, овојпат во 35. коло од Ла Лига и со него ќе биде поставен нов рекорд во меѓусебните пресметки. Првпат во една сезона, Барселона и Реал ќе се сретнат четири пати на четири различни стадиони.

Досега одиграа два меча, еден на „Сантијаго Бернабе“ и еден во Џеда, во Суперкупот на Шпанија. Претстојниот, на 26 април, ќе се игра на Олимпискиот стадион во Севиља, а последниот, на 10/11 мај на Монжуик. Ако се оди малку поназад и ги се бројат и неофицијалните натпревари, тоа се веќе пет меча на пет различни стадиони бидејќи Барса и Реал се сретнаа и на пријателски меч во август 2024 година во Њу Џерси.

Теоретски, можно е двата најголеми ривали во Шпанија да имаат уште една пресметка оваа сезона и тоа во финалето од Лигата на шампионите и тој натпревар би се играл во Минхен што би бил шести различен стадион.