
Трпението на Аморим заврши, Онана седнува - на клупа!
Португалскиот стратег досега ги толерираше киксовите на Онана и му даваше поддршка, но мечот против Лион ја прели чашата.
Манчестер јунајтед и двата гола во Франција ги прими по грешки на Онана.
Според англискиот медиум, Аморим решил да го седне Онана на клупата и како прв голман да го стави Турчинот, Алтај Бајиндир.
Дали оваа информација на „Дејли Мејл“ е од вистински извор ќе се дознае во недела кога ќе почне натпреварот.