Димитров како аматер: Де Минор преку меч каков што не се памети до полуфинале!

Алекс Де Минор е новиот полуфиналист на турнирот во Монте Карло и тоа откако против Бугаринот Димитров прикажа доминација каква што ретко се гледа и победи со 2-0 (6-0, 6-0).

Димитров денес дефинитивно не беше свој и на теренот не покажа апсолутно ништо. Де Минор доминираше како ретко кој во едно четвртфинале на голем турнир.

Не успеа Димитров да освои ниту еден гем, констатно правеше грешки, а Де Минор поен по поен чекореше кон своето второ полуфинале на еден мастерс турнир. Meчот траеше само 45 минути.

Во полуфиналето Де Минор ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Мусети и Циципас.

Фото: EPA PHOTO