Лудо: Американец на солзите на Дончиќ заработи над пола милион евра! (ВИДЕО)

Враќањето на Лука Дончиќ сега како кошаркар на Лос Анџелес помина емотивно за словенечкиот кошаркар, но и за сите во салата.

Дончиќ пред почетокот на натпреварот не можеше да ги задржи солзите и се расплака додека го гледаше видеото од неговите моменти во поранешниот клуб кое му го подготви Далас.

Се беше премногу емотивно за Дончиќ и солзите најдобро покажаа што мисли за клубот во кој помина фантастични  моменти, без разлика што беше принуден да замине.

Но, солзите на Дончиќ израдуваа еден млад Американец кој се обложил дека Лука ќе заплаче пред почетокот на натпреварот.

На социјалните мрежи беше објавена снимка на која може да се види дека заработил 600.000 долари. Обложувачот пред натпреварот вложил 100.000 долари, а по солзите на Дончиќ неговата добивка изнесувала 700.000 долари.

Американските медиуми тврдат дека автентичноста на уплатата била проверена и таа навистина постоела.