
Јувентус го совлада Лече и скокна до трето место во Серија А
Поранешниот шампион на Италија стигна до водство преку Копмајнерс во втората минута, додека Јилдиз ја зголеми предност на 2-0 во 33. минута од мечот.
Лече не се предаваше и имаше шанси од кои една искористи во 87. минута кога намали на 1-2 преку Баширото.
„Старата дама“ е трета со 59 бодови, додека Лече се наоѓа на 17. позиција со 26 поени.