
Италијански фудбалер позајмил 578.000 евра за обложување!?
Фаџоли заедно со Сандро Тонали во октомври 2023 година беше суспендиран на седум месеци затоа што се обложувале на фудбалски натпревари, а тоа е строго забрането во Италија.
„Газета дело Спорт“ објави детали од документите од истрагата во која може да се забележи дека Фаџоли во периодот меѓу 2020 и 2021 година од 31 лице позајмил 578.000 евра.
Според шпекулациите, Фаџоли ги земал парите за да се обложува, иако има шпекулации и дека ги земал парите за да организира обложување на натпревари.
Голем дел од сумите добил од поранешни соиграчи, односно луѓе кои добро ги познава.