
Винисиус повеќе не е недопирлив, Флорентино Перез има идеја како ќе ги троши парите
Од азиската држава не се разочараа, напротив, го продолжија притисокот со ист интензитет и нема да биде изненадување ако претстојното лето успеат во својата намера. Винисиус повеќе не е недопирлив и шпанските медиуми тврдат дека е можно претстојното лето да биде продаден за 300 милиони евра.
Флорентино Перез во таков случај веднаш би тргнал по потписот на голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Со вакво сценарио, Реал би имал еден од најубиствените тандеми во светскиот фудбал Мбапе-Халанд, фудбалери од кои се очекува да атакуваат на сите голгетерски рекорди во светот.