
Стигна и официјална потврда, Модриќ стана еден од сопствениците на Свонси!
Утринава излегоа гласини дека Лука Модриќ купува акции од Свонси и ќе стане еден од сопствениците на клубот кој настапува во Чемпионшип. Таквите информации сега се и официјално потврдени од клубот.
„Свонси со задоволство може да му каже добредојде на Лука Модриќ во нашата сопственичка група. Познат како еден од најдобрите играчи во својата генерација, лидерството на Лука, знаењето и пасијата за фудбалот ќе бидат клучни за развојот на клубот“, пишува во дел од соопштението на Свонси.
Модриќ вели дека за него ова е почеток на една возбудлива авантура.
„Ова е возбудлива можност. Свонси има силен идентитет, фантастична фан база и амбиција да се натпреварува на највисоко ниво. Играјќи на највисоко ниво, верувам дека моето искуство може да му го пренесам на клубот. Мојата цел е да го поддржам развојот на клубот на позитивен начин и да помогнам во градење на возбудлива иднина“, рече Модриќ.
Клубот не објави на колку проценти од акциите стана сопственик Модриќ.