Добри вести за Барса - со Олмо против Борусија Дортмунд

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо заздраве од повредата на задната ложа и се наоѓа на списокот на фудбалери на Барселона за утрешниот натпревар против Борусија Дортмунд.

Плејмејкерот се повреди на дуелот против Осасуна на 27 март поради што пропушти три натпревари, но во Барселона се задоволни од развојот на настаните бидејќи се очекуваше тој да паузира многу подолго. Утре можеби нема да биде стартер, но ќе биде во комбинација ако е потребно, односно ако Барселона има проблематичен резултат.

Оваа сезона Олмо одигра 28 натпревари и постигна осум гола и пет асистенции, но ова беше негова трета пауза поради повреди.