Синот на Пирло имал проблеми со обложување - должел 30.000 евра!

Италијанските медиуми во изминатите денови известуваат за скандалот со нелегално обложување во кое се вклучени 12 актуелни и поранешни фудбалери во Серија А.

„Газета дело Спорт“ објави дека ниту еден од фудбалерите не е осомничен дека наместил натпревари, туку дека се обложувале на илегални платформи.

Проблеми со обложувањето имал и синот на легендарниот Андреа Пирло, а тоа е Николо кој како малолетник направил долг од 30.000 евра.

Откако неговиот татко дознал за тоа, веднаш ја блокирал неговата сметка во банка.