
Реал Мадрид доби добри вести за Мбапе
Мбапе поради повреда мораше да го заврши натпреварот против Арсенал предвреме, но според последните информации ќе биде спремен за финалето во Копа дел Реј.
Мбапе е суспендиран за натпреварот со Атлетик Билбао, ќе одмори и за гостувањето кај Гетафе во среда и на теренот се очекува на 26 април во шпанскиот куп.
Сезонава Мбапе за Реал Мадрид постигна 34 гола и подели четири асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.