Вардар го пречекува Тиквеш, а шампионот му гостува на Работнички!

Денеска од 16 часот ќе се одиграат шест натпревари во 27. коло во Првата македонска фудбалска лига, а најтрофејниот тим Вардар ќе го пречека Тиквеш во обид да ја продолжи одличната форма во домашниот шампионат, додека дербито се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ меѓу Работнички и актуелниот шампион Струга.

Вардар се наоѓа во одлична форма, откако запиша три победи по ред во Првата лига и избега од зоната за испаѓање. „Црвено-црните“ денеска ќе се обидат да ја продолжат победничката серија против Тиквеш, кој нема по добро да ги памети средбите со скопскиот ривал оваа сезона бидејќи на две од нив загуби, а една одигра нерешено.

Работнички по одличниот старт на сезоната почна да го губи ритамот и трката за шампионската титула затоа што има седум бодови помалку од лидерот Шкендија, меѓутоа не се откажува од позициите кои водат во Европа следната сезона, па затоа денеска не смее да си дозволи кикс против шампионот Струга, кој е далеку од врвот поради лошите резултати оваа сезона, односно се наоѓа на петтата позиција со 42 поени.

Парови за 27. коло - Прва лига - 16.00 часот:

Гостивар – Шкупи
Пелистер – Брера
Работнички – Струга
Шкендија – Воска
Силекс – Беса
Вардар - Тиквеш

Табела - Прва лига:

Шкендија 56, Силекс 52, Работнички 49, Гостивар 44, Струга 42, Шкупи 33, Пелистер 29, Вардар 28, Беса 24, Тиквеш 22, Воска 22, Брера 21.