
Фернандес по дебаклот во Њукасл: Разочаран сум од соиграчите
„Црвените ѓаволи“ успеаја да израмнат во првото полувреме, но во второто беа разнесени од расположениот домаќин кој одигра извонреден натпревар.
„Сите голови беа резултат на наши грешки. Разочаран сум од соиграчите само затоа што знам колку се добри. Знам колку е тешко да играш за овој клуб, но тие сакаат да победуваат со него“, изјави Португалецот.
Јасно е дека до крајот на сезоната Јунајтед нема што да бара во Премиер лигата, но сите сили сега се насочени кон Лигата Европа каде со евентуален триумф, тимот ќе обезбеди пласман во ЛШ.