
Извлечени паровите во Купот на Македонија: Вардар доби најтешка задача
Натпреварите стартуваат на 26/27 апрл, а финалниот турнир е планиран да се одигра во три дена од 15 до 18 мај.
За место на завршниот турнир ќе се борат 12 суперлигаши, но и четири екипи од првата лига. Трофејот освоен од минатата сезона ќе го брани Алкалоид.
Тимот на Пелистер во својата група ќе биде голем фаворит бидејќи ќе се соочи со Куманово, Радовиш и Струга, три екипи кои се борат за опстанок во друштвото на најдобрите.
Вардар пак ќе игра против Бутел, а ако ја оправда фаворитската улога ќе се соочи со подобриот од средбата помеѓу Борец иПелистер.
Алкалоид за противник во групата го доби братскиот Мулти Есенс, а тука се уште Партизан Гевгелиja и Пролет.
Во преостанатата четврта група ќе играат Прилеп со Охрид и Тиквеш со Аеродром.