Луда теорија се шири во Бразил: Винисиус бил заменет со двојник на мечот против Австралија!

Неверојатна и целосно бизарна теорија на заговор деновиве масовно се шири низ Бразил, според која првата ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, е исчезнат и заменет со негов двојник во националниот тим.

Оваа шокантна интернет-сензација тврди дека измамата е направена со цел лажниот фудбалер да ги одработи бројните рекламни договори додека траат репрезентативните обврски. Основата за оваа луда конспирација се појави за време на пријателскиот натпревар на бразилската репрезентација против селекцијата на Австралија. Внимателните навивачи во неговата татковина забележаа дека играчот кој истрча на теренот ги нема специфичните тетоважи на бутот, кои инаку се препознатлив белег на вистинскиот Винисиус. Овој детаљ беше сосема доволен за да се активираат сомнежите дека лицето кое тренира и игра во националниот дрес воопшто не е крилниот напаѓач на „кралскиот клуб“.

Дополнително гориво за разгорување на шпекулациите дадоа и естетските корекции на лицето кои фудбалерот ги направи во текот на летниот период. Конспираторите овие очигледни физички промени директно ги поврзаа со воведувањето на неговиот наводен двојник во јавноста.

Како што и се очекуваше, целосната придружба на бразилскиот репрезентативец, како и раководството на Реал Мадрид, целосно ги игнорираат овие бесмислени лажни вести кои преку ноќ станаа апсолутен хит на социјалните мрежи.