
Крај на сите шпекулации: Конте донел конечна одлука
Наполи во овој момент се наоѓа на втората позиција и води битка со Интер за Скудетото, но без разлика дали ќе стане или не шампион, Конте ќе биде на клупата и иднината сезона.
Се шпекулираше во претходниот период дека Конте може да биде опција за Јувентус кој го доведе Тудор до крајот на сезоната, како и Милан каде што на Сержо Консеисао и не му оди најдобро.
Но, како што стојат работите и двата клуба ако ги менуваат тренерите по крајот на сезоната ќе мораат да побараат ново решение.
Конте веќе го водеше Јувентус каде што работеше од 2011 до 2014 година, а беше тренер уште на: Интер, Арезо, Челс и Тотнем. Во еден период беше и селектор на италијанската репрезентација.