Коман го напушта Баерн и бира меѓу петро-долари и фудбал на највисоко ниво!

Кингсли Коман сака да го напушти Баерн Минхен и клубот ќе му го овозможи тоа за соодветна отштета.

Неговиот актуелен договор е со трајност до 2027 година, но двете страни се очекува да се разделат на лето.

Арсенал наводно веќе стапил во контакт со неговиот менаџер. Сепак, како опција се споменува и трансфер во Саудиска Арабија од каде се појавија заинтересирани клубови кои нудат богатство.

Оваа сезона Коман има помала минутажа и забележа шест гола и четири асистенции. Се помалку игра и за француската репрезентација – во последните 18 месеци има само 76 минути.

Коман потекнува од академијата на ПСЖ, играше и за Јувентус, но најмногу покажа во Баерн, каде има одиграно 329 натпревари, со 69 гола и исто толку асистенции. Освен титулата во Лигата на шампионите, има осум титули во Бундеслигата. Коман беше херојот на баварците кој во 2020 година погоди во финалето на елитното европско натпреварување против ПСЖ.