
Звезда доаѓа во Скопје со своите легенди - на Градски ќе се појават и Панчев, Најдовски, Цапар, Ѓуровски...
Освен првиот тим, гостинот во Македонија доаѓа и со своите ветерани меѓу кои и неколку македонски фудбалски легенди. Дел од хуманитарниот натпревар во Скопје ќе бидат и нашите поранешни фудбалери Дарко Панчев, Илија Најдовски, Бошко Ѓуровски, Драган Канатларовски и Горан Попов на кои друштво ќе им прават Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Мирковиќ, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ... Панчев, Најдовски, Канатларовски и Попов се и поранешни фудбалери на Вардар и со „црвено-црните“ освојуваа трофеи во југословенското, односно македонското првенство.
Ветераните на Црвена звезда на полувремето од натпреварот против Вардар ќе излезат на теренот и ќе истрчаат почесен круг, а претходно од 17 до 19 часот ќе се дружат со навивачите на белградскиот клуб во фан зоната.
Целиот приход од натпреварот во Скопје ќе биде насочен кон семејствата на загинатите во страшната несреќа.