
Дизајнирајте уникатен македонски дрес и добијте 50.000 денари!
Дизајнот треба да содржи автентични македонски национални обележја и да биде применлив и функционален. Целта е нашите репрезентации да не бидат шарени, туку унифицирани и насекаде препознатливи.
Најдобрите три дизајни ќе бидат наградени и тоа со 50.000 денари, 30.000 денари и 20.000 денари. Конкурсот трае до 15 мај, а идејните решенија треба да се испратат на меилот dres@ssfm.mk.