Суспензија по мерка за Мбапе, ќе игра на - Ел Класико!

Килијан Мбапе доби само еден меч суспензија за остриот старт против Алавес, а тоа значи дека ќе игра на Ел Класико против Барселона.

Французинот доби црвен каротн кој предизвика многу дебати, суспензијата која можеше да ја добие беше од еден до три натпревари.

Напаѓачот на Реал Мадрид помина одлично и доби суспензија од само еден натпревар. Доколку добиеше три, само во тој случај немаше да настапи на дуелот со Барса.

Вака, Мбапе ќе го пропушти само натпреварот против Атлетик Билбао.