Инцидент во Мадрид: Се степале Белингам и Рудигер!?

Поразот на Реал Мадрид против Арсенал од 3-0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите остави трага кај актуелниот шампион на Шпанија и Европа, а сега се пишува за скандал кој се случил на тренингот во петокот.

Еду Агиер, новинар кој важи за добро упатен со случувањата во Мадрид пишува дека на тренингот на „кралевите“ кој се одржал во петок дошло до судир помеѓу Џуд Белингам и Антонио Рудигер.

„Зад Реал Мадрид е една од најтензичните недели во соблекувалната. Од средата фудбалерите чувствуваа огромен притисок. Чувствуваат како нивната сезона да е на коцка во само неколку дена. Имам информации дека Белингам и Рудигер влегле во жестока рапсравија која прераснала и во физичка пресметка“, објави Агире.

Иако се наведува дека на крајот се било решено и фудбалерите се поздравиле, сепак ова според Агире е најдобар показател колкав е во овој момент притисокот во Мадрид. Исто така се потсетува и на испадот на Мбапе кој поради дивјачки старт беше исклучен во вчерашниот дуел со Алавес.