Тудор не криеше: Очекувал повеќе од четворица фудбалери на Јувентус

Хрватскиот стратег Игор Тудор со задоцнување се појави на прес-конференцијата по победата на Јувентус над Лече, а на новинарите им откри што било причината за неговото доцнење.

Иако Јувентус ги освои трите бода, Тудор имал што да им каже на своите фудбалери, а посебно во фокусот биле фудбалерите кои влегле како замени.

„Замените не беа на потребното ниво. Тоа им го кажав веднаш во соблекувалната, разговаравме и го повторувам сега тука. Денес во фудбалот имате право на пет измени, тоа е половина тим и затоа мораш да си максимално подготвен секогаш кога ќе влезеш во игра. Се разбирам, бев и јас фудбалер, но мораш секогаш да ја ставиш екипата над се“, изјави Тудор.

Тудор така очигледно испрати критики за: Веа, Камбијасо, Консеисао и Коло Муани, со оглед на тоа дека Савона доби шанса дури во судиското продолжение.