Изненадувачки кандидат за „кралската“ клупа - Жозе Мурињо

Трофејниот португалски стручњак Жозе Мурињо неочекувано влезе на листата на кандидати за тренерската позиција во Реал, тврдат дека медиумите во Шпанија.

Наводно, Флорентино Перез веќе стапил во контакт со него, а ваквата идеја им се допаѓа на навивачите кои се уште го обожаваат Мурињо. Тој беше тренер на Реал во периодот од 2010 до 2013 година и освои по еден трофеј во Ла Лига, Копа дел Реј и Суперкупот на Шпанија.

Сепак, Португалецот е само „План Б“ на Реал бидејќи ако биде прекината соработката со Анчелоти, главен фаворит за позицијата е Чаби Алонсо.