
Консеисао откри што е причината за кризата во Милан
Медиумите најавија дека Консеисао ќе го напушти кормилото на Милан на крајот на сезоната, а тој смета дека токму тоа е причина за проблемите во клубот.
„Откако дојдов и го освоив Суперкупот, секојдневно се зборува за тренери кои доаѓаат во Милан. За мене тоа е во ред, во фудбалот сум 40 години, но играчите читаат вести и поради тоа нема стабилност. Мора да работиме денес за да бидеме подобри утре“, кажа Консеисао.
Фото: EPA PHOTO