
Модриќ дефинитивно заврши со Реал Мадрид – веќе се „капарисана“ неговата замена!
Според шпанските медиуми, 38-годишниот плејмејкер сигурно си заминува од „Сантијаго Бернабеу“, а челниците на клубот веќе ја разгледуваат опцијата за негова замена – Родри од Манчестер Сити. Модриќ не беше прв избор за тренерот Карло Анчелоти оваа сезона и покрај неговото искуство и влијание во соблекувалната. Неговата улога беше ограничена, а заминувањето на Тони Крос се покажа како предизвик што Хрватот не успеа целосно да го надомести. Со влез во четвртата деценија од животот, физичката подготвеност стана ограничувачки фактор, иако Модриќ нема намера да се пензионира. Саудиска Арабија и американската МЛС се можни следни дестинации за освојувачот на „Златната топка“.
Како негова можна замена, Реал го потенцира Родри, еден од клучните играчи на Манчестер Сити и репрезентативец на Шпанија. Родри се опоравува од повреда на лигаментите и се очекува да биде подготвен за нови предизвици веќе летово. Иако има важечки договор со Сити до 2027 година, самиот изразил желба за трансфер, што би можело да го чини Реал околу 130 милиони евра – колку што е неговата пазарна вредност.
Дополнително, клубот се обидува да го задржи Винисиус Жуниор, кој е мета на неколку клубови од Саудиска Арабија. Тие се подготвени да понудат рекордни плати и бонуси, во ситуација кога бразилскиот фудбалер е незадоволен од својот статус во Реал и од критиките од медиумите, особено во контекст на расистичкиот дискурс во шпанската јавност.
ФОТО: EPA PHOTO