Фудбалер на Манчестер јунајтед не ја прославил победата над Лион - си заминал на полувреме!
Како што објави на социјалните мрежи неговата сопруга Мања, Линделоф веднаш по првото полувреме се упатил кон болница, каде што нивниот помлад син, Франсис, бил примен поради сериозна расекотина на челото.
Несреќата се случила додека Франсис си играл со постариот брат Тед Луј. Во трчање, паднал и со главата удрил директно во стаклена ивица од скалите, што резултирало со длабока расекотина.
„Мојот помал син Франсис ја расече главата. Трчаше по својот брат и падна. Челото му беше речиси расцепено на половина. Во болница беше и во четврток и во петок“, откри Мања.
Во моментот на инцидентот, децата биле под надзор на дадилка, која веднаш ја известила Мања и го однела малиот Франсис во болница.
На Франсис му била извршена пластична операција, а среќна вест е дека се поминало во најдобар ред.
„Операцијата мина добро, Франсис повторно е на нозе. Тој е вистински Викинг и се нврати на секојдневните активности. Сите бевме многу загрижени, но најважно е што сè заврши без посериозни последици. Ќе му остане голем лузна на челото, но тоа сега не е важно – среќна сум што е добро“, напиша Мања.
Линделоф се врати во тимот веќе во неделата, и тоа со капитенската лента на раката, во поразот од Вулверхемптон.