Расел и Антонели добија казни пред трката во Бахреин

Возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели нема да стартуваат од втората и четвртата позиција, кои ги освоија во квалификациите, поради тоа што добија казни поради грешката на екипата.

Членови на Мерцедес излегле премногу рано на патеката по црвеното знаме во квалификациите, по што тимскиот шеф Тото Волф призна дека направиле грешка, но тоа не ги спаси возачите од казна.

Двајцата возачи се казнети со по една стартна позиција, што значи дека Расел ќе тргне од третата позиција, додека Антонели од петтото место. Од пол-позиција стартува Оскар Пјастри, додека зад него е Шарл Леклер.