Суеверните фанови на Реал се радуваат дека Менди ќе игра против Сити!
Статистиката вели дека кога игра Менди, Реал Мадрид излегува како победник во дуелите со Манчестер Сити, а кога не игра, тогаш англискиот тим е победникот.
Во 2022 година Менди играше, Реал помина, следната година тој не настапи, кралскиот клуб беше елиминиран. Во следните две години Менди играше, мадридскиот гигант помина.
Оваа сезона овие две екипи се сретнаа во лигашкиот дел, тогаш Менди не играше, па Реал Мадрид го загуби мечот и тоа на Бернабеу.
За вечерва тој е најавен во стартниот состав, останува да видиме дали ваквата традиција ќе продолжи.