Нов момент: Играч на Тотнем побарал од Тудор да го замени голманот Кински! (ВИДЕО)
Тотнем прими три гола за 15 минути, а по третиот примен гол, капитенот Кристијан Ромеро имаше разговор со Тудор по кој Хрватот се сврте кон клупата и со рацете покажа дека треба да направат измена.
Многумина веруваат дека Ромеро му рекол на Тудор да го извади Кински бидејќи младиот голман бил изгубен по двете големи грешки кои ги направи.
Ромеро беше првиот кој му пристапи на Кински за да му даде поддршка.
Тудор на прес-конференцијата беше прашан дали одлуката е негова или на Ромеро. Хрватот рече дека тој одлучил, но многумина не веруваат во тоа.