Урнебесно: Фан на Атлетико си правеше сендвичи додека неговиот тим го мелеше Тотнем! (ВИДЕО)

Вчера беше убав ден за фановите на Атлетико Мадрид кои многу лесно го совладаа Тотнем, конечниот резултат беше 5-2, а особено беа убедливи во првото полувреме.

По само 15 минути игра Атлетико водеше со 3-0, а до крајот на првиот дел даде уште еден гол.

Атмосферата беше толку опуштена што еден навивач на Атлетико Мадрид беше уловен од камерите како си прави сендвичи среде натпревар. Ги правеше пред крајот на полувремето, па гозбадата сигурно се случувала за време на одморот.