Историска ноќ во НБА: Бем Адебајо - постигна 83 поени! (ВИДЕО)

Центарот на Мајами Хит, Бем Адебајо имаше неверојатна партија, постигна 83 поени во победата над Вашингтон од 150-129. Стана втор кошаркар во историјата со најмногу поени на еден натпревар.

Мајами даде 150 поени, а Адебајо постигна повеќе од половина од тие поени. Имаше партија која вечно ќе се памети и раскажува.

Со 83 поени се искачи на второто место на вечната листа на играчи во НБА со најмногу коша на еден натпревар. Прв е Вилт со 100, а на третото место падна Коби со 81.

Вториот најдобар стрелец на вчерашниот меч за Мајами беше Фонтекио со 18 поени, бројка која изгледа смешно во однос на онаа на Адебајо.


Резултати:

Филаделфија - Мемфис 139-129
Атланта - Далас 124-112
Бруклин - Детроит 100-138
Мајами - Вашингтон 150-129
Хјсутон - Торонто 113-99
Милвоки - Феникс 114-129
Сан Антонио - Бостон 125-116
Голден стејт - Чикаго 124-130
Портланд - Шарлот 101-103
Сакраменто - Индијана 114-109
ЛА Лејкерс - Минесота 120-106