Барселона со автогол на Леганес ги освои трите бодови (ВИДЕО)

Барселона оствари минимална победа на гостувањето кај Леганес со 1-0 и така ја зголеми предноста пред вечниот ривал Реал Мадрид во трката за титулата во Ла Лига.

Каталонскиот гигант се мачеше да го пробие „бункерот“ на Леганес, а конечно успеа во 48. минута кога Хорхе Саенз си постигна несреќен автогол и ја „почести“ Барселона со нови три бодови.

Екипата на Ханси Флик е на лидерското место во лигата со 70 бодови, по што следи Реал Мадрид со 63 поени.

 

Фото: EPA PHOTO