Волкановски: Добив удар во окото и останав без вид, но успеав да се вратам!

Александар Волкановски го освои шампионскиот појас во УФЦ, откако славеше со едногласна одлука против Диего Лопез, а по борбата откри низ што морал да помине во рингот.

Волкановски добил силен удар во левото око и призна дека останал без вид, меѓутоа продолжил да се бори до крајот.

„Добив силен удар во окото и го загубив видото. Се обидував да го средам окото и видот се враќаше со тек на време, но можев да гледам заматено. Сепак, можев подобро да проценам ситуација и да се борам со ривалот“, кажа Волкановски.

Одлуката на тројцата судии беше едногласна во корист на Волкановски со 48-47, 49-46, 49-46.