Федерер се враќа на теренот: Би сакал да играм два-три пати неделно!

Поранешниот швајцарски тенисер и еден од најдобрите во историјата, Роџер Федерер кажа дека повторно би сакал да игра тенис, иако во 2021 година замина во пензија.

Федерер неодамна во интервју кажа дека сака да му се врати на тенисот и да игра егзибициски натпревари, со што повторно би ги полнел трибините каде и да се појави.

„Искрено, би сакал повторно да играм тенис, да го оставам голфот. Сакам да играм два-три пати неделно и се надевам дека ќе можам да го направам тоа на егзибициски натпревари. Се надевам дека повторно ќе ги полнам трибините ширум светот“, кажа Федерер.