Волкановски повторно е на тронот, македонскиот борец го врати појасот! (ВИДЕО)

По пет рунди голема борба, Александар Волкановски со едногласна одлука на судиите го победи Диего Лопез и го врати шампионскиот појас.

Откако Илија Тупурија реши да ја напушти оваа перо категорија и да се качи во потешката, Алекс Волкановски доби шанса во борба со Диего Лопез да си ја врати титулата.

Борецот со македонско потекло тоа максимално го искористи, го доби мечот со Лопез и повторно е шампион.

Волкановски беше максимално концентриран од првата до последната минута на оваа борба. Алекс зададе многу повеќе удари, имаше повеќе добри моменти и на крајот го доби мечот со едногласна одлука на судиите.

Диего Лопез имаше неколку свои периоди во кои го раздрма Волкановски, но тоа не беше доволно за да го совлада големиот борец.

Одлуката на тројцата судии беше едногласна 48-47, 49-46, 49-46.