Шампионот во Мото ГП се здоби со тешки повреди во Катар (ВИДЕО)

Бранителот на титулата во кралската класа, Хорхе Мартин се здоби со тешки повреди на градниот кош при падот на трката за Големата награда на Катар.

Екипата на Мартин објави дека дополнителните прегледи покажале дека има вкупно 11 скршеници по неговиот пад.

Добра вест е тоа што актуелниот првак ја поминал ноќта во болница и нема трауми на главата по катастрофата во Катар.

Фото: EPA PHOTO