И Мората вмешан во скандалот - му набавувал „Ролекси“ на Фаџоли!

Во Италија во изминатите денови во центарот на вниманието е продолжувањето на скандалот околу обложување и повторно поради Николо Фаџоли кој веќе беше суспендиран заедно со Тонали.

Според последните информации, Фаџоли кој сега како позајмен фудбалер го носи дресот на Фиорентина позајмил вкупно 587.000 евра од 31 личност. Италијанецот, често пати се обидувал на најразлични начини да дојде до пари, но го споменал и името на Алваро Мората кој во тоа време беше негов соиграч во Торино.

„Газета“ пишува дека Фаџоли се чувствувал непријатно додека се читале неговите пораки во кои бара пари иако заработувал илјадници евра.

„Преку Мората добивам „Ролекси“ за многу помали суми и ги препродаваме. Ова го правиме веќе една година. За два-три месеци ќе ги добиеме парите“, гласела една од пораките на Фаџоли.

Фаџоли и Мората беа блиски додека играа во Јувентус, но Шпанецот не се поврзува со обложување, ниту пак со финансирање на Фаџоли, туку само како некој кој набавувал часовници.

Ќе потсетиме по новите детали во случајот покрај Тонали и Фаџоли, сега има обвиненија против десет други фудбалери.