Шортс воопшто не е скромен: Најдобар сум во Евролигата!

Maкедонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс е полн со самодоверба пред борбата за фајнл-фор во Евролигата со неговиот Париз, но нескромно се истакна себеси како најдобар плејмејкер во Евролигата.

Во плеј-инфот Шортс и Париз вечерва од 21:00 часот гостуваат кај Реал Мадрид, а плејмејкерот верува дека можат да дојдат до завршниот турнир.

„Се доживувам себе како најдобар плејмејкер во Евролигата. Не сакам да ги потценам останатите кошаркари кои играат на оваа позиција, само си го кажувам личното убедување. Како тим имаме голема самодоверба и веуваме дека се е можно ако дојдеме до плеј-офот“, изјави Шортс во разговорот за „Л’Eкип“.

Париз пред нешто помалку од две недели покажа дека може да се носи со Реал и вечерва ќе биде јасно дали со триумф ќе се избори за четвртфинални натпревари со Фенербахче или ќе мора да оди поправен против победникот од мечот помеѓу Црвена Звезда и Фенербахче.