Иџе со победа во Франција ја почна новата сезона (ВИДЕО)

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе со триумф на трката во Франција ја почна новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Трката во Франција се возеше во тешки услови, а главните ривали на Стефановски излетаа од патеката и имаа сериозни оштетувања на автомобилите.

Стефановски следната трка ја вози на 27 април во Австрија.