Роналдо со „бомба“ го израдува Ал Наср, коментаторот падна во транс (ВИДЕО)

Ал Наср славеше со пресврт против Ал Ријад (2-1), а на теренот блесна португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо со два погодоци, од кои вториот ги воодушеви навивачите.

Ал Ријад во финишот на првото полувреме погоди преку Селемани за водство од 1-0, додека Ал Наср израмни во 56. минута преку Роналдо по асистенција на Садио Мане.

Роналдо беше стрелец и на вториот гол за Ал Наср, откако до него стигна една топка, а Португалецот без да се двоуми испрати „бомба“ кон противничкиот голман.