
Марк Маркез најбрз на спринтот во Катар – го симна својот брат од врвот во Мото ГП!
Тој стартуваше од пол-позицијата и кусата пресметка ја заврши пред својот помлад брат, Алекс Маркез, кој заостана 1,577 секунди, додека трет беше Франко Морбидели од тимот ВР46, кој доцнеше 3,988 секунди зад победникот. Актуелниот шампион Франческо Бањаја заврши осми, додека Хорхе Мартин од Априлија се врати по повреда и финишираше 16-ти, откако ги пропушти првите три трки од сезоната.
Во генералниот пласман, Марк Маркез сега има 98 бода, два повеќе од Алекс Маркез. Бањаја е трет со 77 бодови. Главната трка за Големата награда на Катар е закажана за вечерва во 19 часот.
ФОТО: EPA PHOTO