Расистички скандал на РТС: Црнците немаат концентрација за повеќе од 60 минути (ВИДЕО)
Анализирајќи го натпреварот помеѓу Белгија и Иран, кој заврши без голови, Богдановиќ се осврна на црвениот картон на белгискиот дефанзивец Натан Нгои во 66. минута. Тој беше исклучен поради прекршок како последен играч во одбраната, а Богдановиќ во оваа пригода рече:
„Не сум расист, но овие црнци немаат концентрација да издржат подолго од 60 минути. Играв со нив. Моравме да ги заштитиме нашите играчи и претходно за да не направат грешка, таков е модерниот фудбал. На ниво на Светското првенство, ова не треба да се случува“, рече Богдановиќ.
По неговата изјава, водителот во студиото реагираше, истакнувајќи дека и француската репрезентација има многу играчи со темна кожа кои изгледаат концентрирани во текот на сите 90 минути. Богдановиќ одговори:
„Ако не навлегуваме во детали, а би можеле, и тие прават грешки. Не генерализирам, на огромното мнозинство им недостасува концентрација“, заклучи Богдановиќ.
Поранешниот фудбалер е еден од омилените коментатори во Србија, но некогаш претерува со своите изјави.