Мохамед Салах урна митски рекорд стар 92 години!

Капитенот на египетската репрезентација Мохамед Салах сруши два рекорда во натпреварот против Нов Зеланд на Светското првенство и испиша историја и во својата земја и на Светското првенство.

Салах пристигна на турнирот во САД, Канада и Мексико со два гола зад своето име, од Светското првенство во Русија 2018, кога два пати погоди за својата репрезентација, во поразите од домаќинот (1-3) и Саудиска Арабија (1-2). Така се израмни со легендарниот Абделрахман Фавзи, кој ги постигна двата гола во поразот од Унгарија со 2-4 на турнирот во Италија во 1934 година.

Сепак, Салах го заврши натпреварот против репрезентацијата на Нов Зеланд со еден гол, и тоа за пресврт, со што го престигна легендарниот Фавзи и го зазеде првото место на листата на најдобри стрелци во историјата на египетскиот фудбал, кога станува збор за Светските првенства.

Воедно, тој стана првиот Египќанец кој постигнал голови на две Светски првенства.